И советниците на ВМРО-ДПМНЕ се строго против подигање музеј на плоштадот во Струмица. Според координаторот на советничката група, д-р Никола Маџунков, ова е лошо решение и тие не го поддржуваат.
Претходно, со негативна критика се произнесе и независниот советник од движењето „Стига е“, Ѓорги Танушев. Тој предупреди дека музејот е нагрдување а не оплеменување на центарот на Струмица.