• Sat. Nov 23rd, 2024

Протест против дигитализација на образованието во Струмица

Протест против дигитализација на образованието во Струмица. Млади родители со деца но и повозрасни граѓани денеска напладне ги блокираа улиците пред општинското собрание во Струмица. Со транспаренти и учебници во рацете рекоа дека не се против реформи во образованието, но не било какви, туку издржани и според потребите и условите.

Сличен е ставот и на другите присутни граѓани. Сметаат дека избрзаните решенија се на штета на децата.

Присутните денеска се потпишаа на заедничката иницијатива против исфрлање на учебниците од наставниот процес. Порачаа дека ова прашање е важно и заслужува дури и референдумско изјаснување за да се види мислењето на сите граѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *