• Fri. Nov 22nd, 2024

Протест на вработени во УКИМ

Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска пред Ректоратот на УКИМ одржа мирен протест изразувајќи незадоволството од, како што велат, за влошената материјална положба на вработените. Претседателот на Сојузот на синдикати, Ангел Ристов, пред присутните колеги и професори истакна дека никогаш во историјата на УКИМ состојбата на вработените на Универзитет не била како денес.

–  Долго време бевме трпеливи и имавме разбирање за економската состојба во нашата држава, но на трпението му дојде крај. Ние мора да се избориме за нашите права, за достоинствени плати доколку ние тоа не го направиме никој друг тоа за нас нема да го направи. Ние сме претставници на научната заедница. Ние сме свеста и совеста на ова општество. Ние сме тука за нашите студенти, за нивното образование затоа што тие се иднината на нашата држава, рече Ристов и посочи дека тие нема веќе нема да молчат.

Плата на еден редовен професор на УКИМ како што посочи ректорот Јанкуловски, изнесува 39.000 денари, додека минималната плата на професорите во регионот е 1500 евра.

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вчера повика протестот да биде предупредување, а не закана за јунската испитна сесија и да не им се наштети на студентите. Зголемување на платите во високото образование, најави тој, ќе има од септември и тоа е предвидено со ребаланс на Буџетот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *