• Fri. Nov 22nd, 2024

Протест на струмичките актери пред Министерството за култура

И денеска протест на струмичките актери. Денешната средба на струмичките актери со министерката за култура во Скопје заврши неупешно. Актерите не се задоволни од исходот на состанокот што го имаа со министерката за култура Ирена Стефоска по протестот пред зградата на министерството. Ова е нивна втора средба на којашто министерката го повторила истиот став. Дека не постои начин да се раскине одлуката зља зибор на директор на центарот за култура Антон Панов. Претходно, актерите ги обезбедија документите што ги поднел избраниот кандидат Васил Бубев и ги дале на правници да ги разгледуваат.

Васил Бубев, професор по фискултура и доскорашен директор на детската градинка е избран од тројца кандидати, меѓу нив актерка и магистер по менаџмент на култура. Ова ги разгневи струмичките актери коишто сметаат дека изборот е нессодветен, бидејќи Бубев не бил културен работник, а уште помалку познат по својата работа во културата. Тие најавија дека ќе продолжат со протестните активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *