Протест на грчките камионџии. Од утрово камионџиите се на симболичен протест на преминот Евзони поради затворените граници. Претставници на транспортерите од Македонија и Грција се загрижени поради доцнењето на испораките. Но, и одолговлекувањата што ги предизвика одлуката за задолжително тестирање на секој транспортер што ќе влезе во Грција. Тоа беше причина за денешната средба на претставници од Стопанската интересна заедница и Федерацијата на грчки камионџии. Лефтер Андонов од СИЗ Америт вели дека и тие би се придружиле на пртоестот доколку не се изнајде решение.
Од федерацијата на грчки камионџии велат дека овој премин е од исклучително значење и мора да функционира. Според нив, одлуката е неоправдана бидејќи транспортерите коишто не можат да поминат одат на други премини, со што само се прават дополнителни трошоци и се губи време.
Одлуката на грчката влада од понеделникот да се ограничи влезот на транспортни возила само од 7 до 19 часот предизвика километарски колони на македонската страна од границата но и стотици возачи кои по десетина часа не можат да ја минат македонско-грчката граница.