Според статистичките податоци, се зголемиле платите во Македонија. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во октомври годинава изнесува 49.585 денари.
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври годинава изнесувала 33.104 денари и во однос на октомври минатата година е зголемена за 13,6 проценти. Податоците денеска ги објави Државниот завод за статистика (ДЗС). Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19,6 проценти), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (19,3 проценти) и Преработувачка индустрија (17,6 проценти).