Во опожарениот автобус на автопатот „Струма“ е пронајдено 45-то тело. Истражителите дошле до вакво сознание при повторен преглед на возилото. Информацијата за бугарската телевизија „Нова“ ја потврди заменик-главниот обвинител и началник на Националната истражна служба, Борислав Сарафов.
„За жал, мистеријата е решена. Пронајдено е 45-то тело. При увид се пронајдени останки од дете. Не постои осми патник што се спасил во несреќата. Трагичната ноќ во 21:15 часот ноќ преку граничниот премин ‘Капитан Андреево’ влегле 52 патници, од нив 45 се пронајдени во автобусот, седум се во болницата ‘Пирогов’. За жал нема уште еден спасен во несреќата“,изјавил Сарафов за „Нова“, пренесува 360 степени.