Енциклопедиски осврт на делото на Блаже Конески. Вака, за Зборникот„Повторно навраќање кон Конески“ ќе рече професорката и приредувач Вера Стојчевска Антиќ. Тоа е најнов Зборник посветен на великанот, во кој на 500 страници се сместени 44 труда на професори, научници од Македонија и надвор од неа, кои даваат сестран осврт на делото на Конески.
Ова е втор зборник посветен на Конески, вели приредувачот Свето Стаменов. Со промоцијата се заокружуваат овогодинешните активности на манифестацијата „Струмица град на културата 2021“.
Зборникот го финансира и промовира Општина Струмица, а уредник е проф.д-р Ана Витанова Рингачева.