• Fri. Nov 22nd, 2024

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев се обрати на настанот за промоција на нова јубилејна поштенска марка, по повод претстојниот празник 8-ми Септември, односно 30 години од независноста. 

Настанот, симболично се одржа во Шалтер салата во зградата на АД „Пошта на Северна Македонија“. 

Покрај премиерот Заев, како домаќин се обрати директорот на АД  „Пошта на Северна Македонија“   Јани Макрадули, и пратеникот во првиот собраниски состав Исмет Рамадани. 

Во своите обраќања, тие ја потенцираа важноста на оваа институција во сите 30 години од независноста, а се осврнаа и на историскиот развој на настаните кои придонесоа за независна и суверена Северна Македонија. 

Директорот Макрадули на премиерот Заев во име на сите вработени во АД „Пошта на Северна Македонија“ му подари примерок од новата поштенска марка, како и албум со препознатливите поштенски марки од изминатите 30 години.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *