Утре во домот на АРМ во Струмица ќе се промовира најновата книга на еден од најпознатите и најзначајни македонски писатели за деца, Киро Донев. Книгата е избор од неговото творештво за деца од изминатите 35 години, а ја издава неговиот долгогодишен издавач, Македоника литера. Поводот е 80 роденден на писателот, кој годинава одбележува и јубилеј, 55 години творештво за деца.
Покрај промоцијата, авторот ќе се дружи и со ученици од второ и четврто одделение од основното училиште „Видое Подгорец“ од Струмица.
Организатори на настанот се Домот за деца и млади „Благој Мучето“, издавачката куќа „Македоника литера“ и здружението „Средби под јаворите-Видое Подгорец“.
Киро Донев е роден во с. Моноспитово, Струмичко на 21 март1942 година. Работел како новинар, а кон крајот на 1990-тите бил главен и одговорен уредник и директор на редакцијата „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“.[1] По пензионирањето се преселил во родното село. Тој е член на ДПМ од 1970 година.