• Thu. Nov 21st, 2024

Промоција на „Место за бегство“ од Вања Изова Велева

Утре, со почеток во 19.30 часот, во Градската уметничка галерија во Струмица, поетесата Вања Изова Велева ќе ја промовира најновата книга поесни, „Место за бегство“. Рецензент на стихозбирката е Мишел Павловски, кој смета дека најсилна одлика за нејзината поезија е искрената лиричност.

„Одлика на поезијата на Изова Велева е искрената лиричност на исказот. Нејзината поезија е искрена и топла, лирична и лелеава. И уште: авторката ја има способноста да создаде комплексни, слоевити поетски дискурси со употреба на едноставни, секојдневни лексеми.
Чинам, најголемата вредност на збирката на Вања Изова Велева е отсуството, или сериозно редуцираното присуство на негативната енергија во авторскиот исказ,“ вели Павловски.

Вања Изова Велева е македонска поетеса, есеистка и публицистка. Дипломирала на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, на групата македонска книжевност сојужнословенски книжевности. Магистрирала на Институтот за македонски јазик, на студиската програма Културолошки студии во книжевноста. член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1995 година.

Објавила десет поетски книги, прозните записи „Неколку легенди за Струма“, како и книгата, која е нејзин магистерски труд, „Жената и каменот“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *