Телефоните постојано ѕвонат во Итната медицинска помош во Струмица, каде струмичани бараат помош од дежурните медицински екипи. Нестабилните временски услови предизвикаа зголемен број на пациенти кои се жалат на: Главоболки, несвестици, вртоглавица и несоница.
Од Итната медицинска помош за ТВ канал ВИС велат дека бројот на повици периодот е драстично зголемен. Од УХМР велат дека нестабилното време ќе се задржи до крајот на месец јуни, доктор Виранова апелираше до граѓаните, редовно да ја земаат хроничната терапија, а биометеоролозите предвидуваат општа слабост и болки кај метеоропатите, како и чувство на тежина во главата и ревматски проблеми.