• Fri. Nov 22nd, 2024

Пролетната зелка со лоши приноси и со незадоволителна цена

Пролетната зелка и годинава не минува славно на откупните пунктови. Уште не стасало целто производство за берба, цените веќе се во сериозен пад. Од стартна цена 60 денари за килограм, во моментов откупната цена се движи меѓу 20 и 25 денари за килограм зелка.

Освен лошите приноси, земјоделците ќе се соочат и со други проблеми. Велков вели дека промените во температурите ќе донесат и болести на растенијата.

Ристо Велков- агроном и производител

Климатските промени изминатите години ги мачат земјоделците. Големите температурни разлики во текот на денот и ноќта ги принудуваат да ги загреваат пластениците што дополнително ги зголемува производствените трошоци. Проблемот е особено изразен последниве години по пандемијата кога почнаа драстично да се зголемуваат и цените на енергенсите и репроматеријалите.