• Fri. Nov 22nd, 2024

Приведен дилер на хероин од Стојаково

Денеска (06.10.2022) во 06.50 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода Ѓ.Ќ. (48) од село Стојаково, затоа што при преглед кај него и во возилото „застава југо“ со гевгелиски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со херион.


Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, за настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *