• Fri. Nov 22nd, 2024

Проф. д-р Грозданова: Комбинирање на вакцините против Ковид-19 дава поширок имунолошки одговор

Вакцините за заштита од Ковид-19 и по појава на Делта сојот обезбедуваат висока заштита од вирусот, ја намалуваат потребата од хоспитализација и компликации од болеста, a нивната комбинирана употреба може да создаде поширок  имунолошки одговор, истакна проф. д-р Александра Грозданова, Национален координатор за имунизација во неделната онлајн дискусија организирана во Лекарска комора на РСМ.

Проф. д-р Грозданова пред големиот број на присутни доктори на медицина даде осврт кон развојот на вакцините за заштита од Ковид 19 кои се користат во светот и презентираше преглед на најрелевантните научни студии за ефикасноста на вакцините пред појава на Делта сојот и потоа.

Претседателот на Лекарска комора, проф. д-р Гривчева ја истакна важноста на овие настани за размена на сознанија и искуства кои се организираат со цел да се олесни секојдневното практикување на медицината.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *