• Fri. Nov 22nd, 2024

Продолжува забраната за влез во Грција

epa08520646 A view of cars going through the 'Evzoni' border crossing between North Macedonia and Greece, near the southern city of Gevgelija, North Macedonia, 01 July. Greece reopened the Evzoni border crossing with North Macedonia to EU citizens and from 14 other countries which are on a list approved by EU authorities. All travelers arriving to Greece are required to fill a Passenger Locator Form (PLF) at least 48 hours before check-in. The form is part of the country's planning for protection against the coronavirus disease (COVID-19) pandemic and will allow authorities to create barcodes for travelers so that testing of new arrivals can be targeted. EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Продолжува забраната за влез во Грција. Властите во Грција одлучија да ги продолжат мерките што важат за влез на странски државјани во таа земја до 22 февруари, пренесуваат грчките медиуми.

Мерките во Грција се засилени, а воведен е полициски час од 18 до 6 часот наутро.

Претходно денеска, Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција најави ново продолжување на ограничувањата на домашните летови до 15 февруари. За меѓународните летови забраната е до 22 февруари.

Што се однесува до домашните летови, дозволено е само неопходно патување на сите аеродроми во земјата. Тоа вклучува патувања од здравствени причини, за деловни цели, од објективни семејни причини (обединување на семејството). И враќање на луѓето кои имаат постојан престој, објави грчката новинска агенција АНА.

Продолжува забраната за влез во Грција изминатите неколку месеци. И претходно, забраната за влез на странски државјани не се менуваше.

Условите за влез во Грција

Новата одлука за „воведување мерки за привремено ограничување на копнените, воздушните и морските поврзувања на земјата За забрана за влез во земјата на државјани на трети земји, освен од државите на Европската унија и Шенген зоната” за да се ограничи ширењето на коровирусот.

За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија. Преку граничниот премин Промахонас само со негативен молекуларен тест за Ковид-19. Тестот да е направен 72 часа пред пристигнувањето. Но, и доколку добијат негативен резултат од рапид тестот направен на влезот во Грција.

Од останатите гранични премини што се отворени, односно, Евзони (Богородица) кон Северна Македонија, Какавија и кон Албанија и Кипи кон Турција. Влезот во Грција е дозволен само за одредени категории. Исто така со потврда за претходно направен негативен ПЦР тест и со негативен резултат од брзиот тест на самиот граничен премин направен од грчките власти.

Овие гранични премини се отворени од 7 часот наутро до 23 часот. Но, забраната за влез во земјата не важи за грчки државјани. За лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција. Исто така, за влез на лица со апсолутно неопходни професионални или медицински причини за кои имаат и потребни документи. За товарните камиони, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Северна Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.

Во однос на камионите за транспорт на стоки, отворени се седум гранични премини. Четири со Бугарија, и по еден со Турција, Северна Македонија и Албанија, а за возачите не важи задолжителната потврда за негативен ПЦР тест.

извор: Макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *