• Sat. Nov 23rd, 2024

Продолжува изградбата на улицата „Александар Бел“, на Мрзенски Рид

Продолжуваат изведбените работи на улицата „Александар Бел“, на Мрзенски Рид. По надминувањето на одредени проблеми, кои се јавија при изведбата и постигнатиот договор со ЕВН, продолжуваат изведбените работи во станбената населба на Мрзенски Рид.

Станува збор за главната сообраќајница и уште два помали крака, истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, при увидот што го направи на улицата во станбената населба на Мрзенски Рид.
          Со изградбата на улицата „Александар Бел“ ќе биде поставен долен строј, ивичњаци и тампонирање. Главната сообраќајница е во должина од 850 метри, а двата крака од по 110 метри. Изведувач на работите е фирмата „Жикол“, која понуди најповолни услови за изградба на електронскиот јавен повик што го распиша Општина Гевгелија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *