• Tue. Nov 26th, 2024

Продолжува дијалогот за новата методологија за покачувањето на пензиите

Премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска попладнево ќе одржат состанок со Сојузот на пензионери и Партијата на пензионерите.

Со овој состанок, како што соопшти Владата, продолжува дијалогот за предлог-новата методологија за покачување на пензиите.

Дијалогот почна на 18 февруари годинава кога во Владата се одржа првата отворена среба за новата методологија која треба да понуди одржлив и континуиран раст на пензиите. Според Владата, се очекува методологијата да ја одржи постигнатата стабилност на Пензискиот фонд. На средбата присуствуваа вицепремиерот Битиќи, министерката Тренчевска и претставници од Сојузот на пензионери и Партијата на пензионери.

-Создаваме методологија, систем според кој пензионерите ќе имаат сигурност, извесност и покачувањето на нивните пензии нема да зависи од нечија политичка волја или од тоа дали ќе има избори. Носиме решение на долг рок, истакна тогаш Битиќи и додаде дека ова ќе значи придобивка за околу 330.000  граѓани (пензионери).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *