И денеска продолжува штрајкот на вработените во градинките и основните и средните училишта.
Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков во текот на вчерашниот ден обвини за притисоци за прекин на штрајкот во неколку градинки и најави дека ќе поднесат и кривични пријави на местата каде што се вршеле притисоци.
Неделков се надева дека денеска ќе седнат на маса со надлежните и ќе најдат заедничко решение.
Министерството за труд и социјална политика вчера соопшти дека од вкупно 75 јавни установи за згрижување и воспитување на деца од предучилишна возраст, штрајк има во 54, а во 21 не.
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири го поддржува синдикалното право на штрајк, но рече дека тоа треба да биде последниот чекор.