• Fri. Nov 22nd, 2024

Продадена парцелата кај новиот пазар во Гевгелија

За 105 илјади евра се продаде атрактивна парцела во Гевгелија. Просторот во близина на градскиот пазар ќе стане комплекс со станбени згради.

Општина Гевгелија ја продаде градежната парцела наменета за домување во станбени згради бр. 58, КО Гевгелија, кај м.в. Пазар што беше огласена на последната јавна објава за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија. За учество на електронското јавно наддавање на објавената градежна парцела во законскиот рок биле доставени две пријави од понудувачи. За парцелата, чија почетна цена изнесуваше 2.570 денари од метар квадратен, на електронското јавно наддавање е постигната цена од 5.900 денари од метар квадратен, односно вкупна цена од 6.501.800 денари.


              По спроведената постапка за јавното наддавање, Комисијата надлежна за водење на постапките за јавно наддавање на градежно земјиште изготви записник и на 25.01.2023 година електронски им го достави на учесниците на јавното наддавање. По изминување на законскиот рок од 3 дена по добивањето на записникот од аукцијата, доколку нема поднесено приговори од учесниците, согласно Законот за градежно земјиште, ќе продолжи постапката за отуѓување на предметното земјиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *