• Fri. Nov 22nd, 2024

Привршуваат заштитните археолошки истражување на Споменичката целина Бања Банско

Привршуваат заштитните археолошки истражување на Споменичката целина Бања Банско.

За прв пат во долгогодишното ископување на овој значаен споменик на културата се истражуваше изворот на термоминерална вода Парило и просторот непосредно околу него.

Иако значително оштетен со каптирањето изведено во 1963 и повторно во 1966 година кога околу изворот е изградена масивна бетонска шахта сепак годинешните истражувања потврдија поранешни претпоставки и дадоа нови сознанија за улогата на овој извор низ времето.

@Сега е сосема сигурно дека изворот Парило бил култно место многу пред доаѓањето на Римјаните на овие простори а потоа и главен снабдител со термоминерална вода на пештерното светилиште, потоа на храмот на Хермес за да во 3 век од нашата ера биде и извор за напојување на доцноримското термално лекувалиште“, велат од Завод и музеј Струмица.

На работ од просторот каде што некогаш бил изворот се пронајдоа остатоци од објект, граден во техника сувоѕид и поплочен со тули, кој бил речиси целосно уништен со веќе споменатите активности од шеесетите години на 20 век. Бидејќи позицијата на објектот бил на работ од извор во кој водата има темпреатура од 74° Ц, тој сигурно не служел за живеење туку имал култна намена поврзана со обредите кои се одржувале околу самиот извор.

Заштините археолошки истражувања на Споменичката Целина Бања Банско се дел од редовната програма на НУ Завод и Музеј Струмица за 2022 година и финансирани од Министерството за култура.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *