• Sat. Nov 23rd, 2024

Рудниците Бучим и Боров Дол го прекинаа производството

Од денеска рудниците Бучим и Боров Дол го прекинаа процесот на производство на определен период во кој што е планирано да се завршат двата капитални инвестициони проекти, соопштија од Бучим. Причина за привремениот прекин се должи заради замена на флотомашините со нова опрема но и заради изградба на фотонапонска централа за производство на електрична енергија. 

,,За време на реализирањето на овие капитални инвестиции, ќе се продолжи со континуираните геолошки истражување. Во текот на привремениот прекин со производство вработените  ќе бидат платени согласно законските прописи во РСМ, при што  дел од вработените ќе бидат задолжени за тековното одржување на опремата, а во текот на инвестиционите зафати, вработените ќе бидат дополнително ангажирани зависно од потребата,, стои во соопштението до Бучим

 Од компанијата не прецизираат до кога ќе трае прекинот на процесот на производство ниту пак колку од вкупно 674 вработени колку што добија награди за празникот 28 август ќе бидат ангажирани

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *