• Fri. Nov 22nd, 2024

Приведени две лица во радовишко, полицијата кај нив пронашла марихуана

На 12.10.2022 во 18.30 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Д.Т.(31) од село Ораовица, радовишко и Р.А.(37) од Радовиш затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил известен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по целосно расчистување на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *