• Fri. Nov 22nd, 2024

Приведен гевгеличанец за напад на физичко лице со остар предмет

ByВане Трајков

Dec 13, 2022
полиција

Денеска (13.12.2022) во 10.40 часот на улица „Таља Бикова“ во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија го лишиле од слобода А.Ѓ.(36) од Гевгелија.
Тој се сомничи дека на 12.12.2022 во домот на улица „Иво Лола Рибар“ во Гевгелија со остар предмет го нападнал Н.Н.(68) од Гевгелија. Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом и биле пронајдени траги и предмети поврзани со кривичното дело.
Лицето било задржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *