Министерството за внатрешни работи утринава го извести Обвинителството дека е приведен А.Ѓ. по кој се трагаше за убиството на ракометарот Денис Тот.
„Лицето се предало на органите на прогонот на територијата на Скопје“, информираат од Обвинителството.
За осомничениот, по предлог на јавниот обвинител, судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје веќе има донесено решение за определување мерка притвор во траење од 30 дена.
Министерството за внатрешни работи претходно вчера објави дека е распишана меѓународна потерница за осомничениот.