• Sat. Nov 23rd, 2024

Пристигнуваат терминалите за гласање во Македонија, по тендерот од 11 милиони евра

Вчера пристигна нова пратка на терминали за биометриско гласање со отпечатоци од прсти, откако Државната изборна комисија за 11 милиони евра го набави системот од германската компанија „Дермалог“.

До крајот на неделата се очекува да пристигне целата потребна пратка. Во меѓувреме, едукацијата на изборните комисии продолжува. Првиот човек на ДИК, Александар Даштевски, за „Алсат“ рече дека на денот на изборите ќе бидат ангажирани 200 ИТ инженери кои заедно со 80 лица од компанијата која произведува опрема за отпечатоци ќе им помага на членовите на комисиите во избирачките места.

„Со денешното пристигнување, очекуваме да пристигнат околу илјада уреди за биометриска идентификација на граѓаните и со ова ќе имаме над половина од уредите, додека до крајот на неделата сите ќе пристигнат, што значи уште две други испораки. Во моментов, ДИК продолжува да ги пополнува „паметните картички“ што мора да се завршат денес, додека попладне ќе започне инсталирањето на уредите, по околу илјада дневно и ќе биде завршено до 11 октомври “изјави Даштевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *