• Fri. Nov 22nd, 2024

Пристигнаа 100.000 кинески вакцини, на кутиите порака: „Пријателот во неволја е поблизок од брат“

Пристигнаа 100.000 кинески вакцини, на кутиите порака: „Пријателот во неволја е поблизок од брат“. Солидарноста и помошта тогаш кога е најпотребна, ја враќаат вербата во човештвото, напиша на социјалните мрежи министерот за здравство, Венко Филипче откако во поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје денеска пристигна донација од уште 100.000 вакцини од „Синофарм“ од Кина.

„Пристигна значајна количина на вакцини која Кина ја донира на нашата земја. 100.000 е бројка која за земја со број на население како нашето може значајно да ја смени сликата на пандемијата“, нагласува министерот.

Тој во објавата повторно порача дека вакцината е единственото оружје кое го имаме за целосно да се смени сликата за пандемијата, не само кај нас, туку насекаде во светот.

„Изразувам голема благодарност, со ова се потврдува партнерството и близината помеѓу двете земји, двата народa и искрено верувам дека соработката ќе продолжи и во иднина“, порача Филипче во објавата на „Фејсбук“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *