Градоначалникот на општина Василево, денес присуствуваше на свечените настани организирани во двете основни општински училишта „Гоце Делчев“, Василево и „Атанас Нивичански“, Нова Маала, организирани по повод приемот на првачињата во Светската детска организација.
„Децата треба да бидат сакани, милувани и од секого почитувани“, порачаа првачињата, и во еден глас, сложно, пред присутните наставници, родители и гости дадоа ветување дека ќе ги почитуваат наставниците, ќе ги решаваат задачите и ќе се дружат со другарчињата.
Постарите другарчиња, на најубав можен начин со културно-уметнички и фолклорни изведби им го разубавија денешниот ден, а честитки по повод приемот во најголемата детска организација им упатија и директорите на училиштата, Дејан Стојанов и Соња Ничева, како и градончалникот на општината, Славе Андонов.
„Ќе направиме се што е во наша можност да ги подобриме условите во кои учите, растете и се развивате. Ќе ви помогнеме да ги осознаете вашите таленти и креативни потенцијали и да се справите со предизвиците на реалниот живот. А од вас очекуваме да бидете умни, вредно да учите, да ги слушате наставниците и да ги почитувате постарите“, им порача градоначалникот Андонов.
Со подарок школкски прибор, локалната самоуправа дополнително им го разубави на првачињата, овој за нив посебен ден, информираат од Општина Василево.