• Fri. Nov 22nd, 2024

Презентиран предлог Буџетот за земјоделство за 2023 во која ќе биде готова браната Конско во Гевгелија а во Струмица ќе почне д се гради откупно дистрибутивен центар

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска го презентираа предлог Буџетот за земјоделскиот сектор за 2023 година.

Буџетот за 2023 е поставен на 5 клучни столба, а тоа се реформите во земјоделството, малите семејни бизниси, капиталните водостопански инвестиции, зелената транзиција и модернизацијата

 ,,Во првиот квартал ќе заврши изградбата на браната Конско. Тоа е најголем капитален проект за водоснабдување во последните 50 години. Вредноста е 40 милиони евра. Не можеме да зборуваме за развиено змејоделство ако немаме современи откупно дистрибутивни центри. Идната година ќе почне изградбат ана двата откупни дистирубтивни центри во Струмица и Ресен, проект вреден 50 милиони евра,, рече Ковачевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *