Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, на неколку локации во близина на основните училиштата во Струмица спроведе превентивна активност посветена на сообраќајната безбедност на учениците. Притоа полициските службеници во информативно-едукативните разговори со основците им презентираа повеќе важни правила и прописи од чие што почитување, меѓу другото, зависи безбедноста во сообраќајот.
Исто така полициските службеници ја искористија можноста во разговор и со граѓаните, во близина на основните училишта, како учесници во сообраќајот, да им се укаже за нивните обврски кон пешаците, за забраната за паркирање на возила на пешачки премини, на тротоари и пред самите влезови на училиштата.
Во рамките на оваа активност од страна на полициските службеници и на учениците, но и на другите учесници во сообраќајот им делеа едукативни печатени материјали за безбедноста во сообраќајот .