Дечињата од детската градинка „Детска радост“ во Струмица, Клон 2 со претстава ја обележаа „Детската недела“. Од управата на градинката велат дека ова е начин децата низ игра да се запознаваат со правата на детето, со начелата кои секој возрасен треба да ги знае и следи кога децата се во прашање.
Во прилог и видео од детската претстава, која се емитуваше во емисијата за деца „Детско катче“.