• Fri. Nov 22nd, 2024

Претседателот Пендаровски се сретна со Началникот на ГШ на Романија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, генерал-потполковник Даниел Петреску, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, соопштија од неговиот кабинет.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, особено за соработката во одбраната која опфаќа посети на високо ниво, експертски средби во областите на одбранбеното право, логистиката и разузнавањето, обуки, курсеви, учество на вежбовни активности, како и стручни оспособувања во воено-образовните центри во Романија.

Соговорниците изразија задоволство од досегашната соработка помеѓу двете армии и констатираа дека со членството на Северна Македонија во НАТО се отворени и нови можности за проширување на партнерството.

Претседателот Пендаровски ја истакна важноста од продолжување и развој на билатералната соработка во областа на одбраната, како и одржување на постојан и динамичен политичко-воен дијалог меѓу двете држави.

На средбата беа разменети информации и мислења за придонесите на армиите во двете земји во справувањето со пандемијата предизвикана од Корона вирусот.

Претседателот Пендаровски кон крајот на минатата година го прими командантот на КФОР генерал-мајор Франко Федеричи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *