• Fri. Nov 22nd, 2024

Претседателот Пендаровски го прими Претседателот на ГНС на Турција Шентоп

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседателот на Големото национално собрание на Република Турција, Мустафа Шентоп, кој престојува во посета на Република Северна Македонија.

На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Северна Македонија и Република Турција, при што беше оценето дека тие се развиваат во духот на традиционално  пријателство и партнерство, преку соработка во сите сфери од заемен интерес и преку реализација на средби  на највисоко ниво. На средбата беше изразено очекувањето за натамошно продлабочување на билатералните односи меѓу двете држави, вклучувајќи ја и меѓупарламентарната соработка.

На средбата се разговараше и за актуелните состојби во двете држави, како и за состојбите во регионот, при што беше истакнато дека Северна Македонија и Турција, како сојузници во НАТО, делат исти погледи во однос на зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *