• Fri. Nov 22nd, 2024

Претрес во струмичко, пронајдена дрога

На 02.11.2022 во село Пиперево, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода С.М.(45) од село Пиперево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *