Времето денеска ќе биде претпладне сончево со мала до умерена облачност.
Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд проследен со појава на грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ=7
Во Скопје, претпладне сончево со мала до умерена облачност.
Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 30 степени.