Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога
Министерството за внатрешни работи вчера во две одделни акции пресече два канала за меѓународен транспорт на дрога, заплени над 500 килограми марихуана и приведе три лица. Точната тежина се уште не е утврдена, затоа што уште е во тек мерењато и вештачењето на запленетата дрога во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал пресече меѓународен канал за транспорт на марихуана од Косово преку Северна Македонија и Грција за Турција и до сега се запленети (измерени) 424 килограми марихуана и од слобода е лишено едно лице. Запленетата марихуана на нарко-пазарот во Турција се проценува дека би достигнала цена од над милион евра, соопшти денеска портпароолот на МВР, Тони Ангеловски.