• Fri. Nov 22nd, 2024

Премиерката на Финска во официјална посета на Македонија

Денеска и утре во официјална посета на Македонија ќе престојува премиерката на Финска, Сана Марин.

Од МВР информираа дека од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.

МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициски службеници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *