• Fri. Nov 22nd, 2024

Струмица и Гевгелија добија возила со водени пумпи за гасење пожари

Вчера 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, Кичево, Охрид, Кочани, Штип и Гостивар.

,,Со оваа набавка од 42,5 милиони денари преку Дирекцијата за заштита и спасување овозможуваме сериозно подобрување на техничката опременост за следни интервенции и навремено подигање на нивото на подготвеност на противпожарните служби пред следниот критичен период. Противпожарните служби заслужуваат најдобра опрема, најдобри услови за работа, бидејќи секогаш во критични и опасни ситуации тие се меѓу првите кои излегуваат на терен и граѓаните секогаш сметаат на нив. Благодарни сме им на пожарникарите, на овие великодушни луѓе, храбри и со големо срце. Вие сте нашите херои,, напиша на ФБ премиерот Димитар Ковачевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *