• Mon. Nov 25th, 2024

Прекината свадба во Банско со 300 гости

Во струмичкото село Банско вчера полицијата прекинала свадба на која присуствувале околу 300 гости. Министерството за внатрешни работи најави и кривична пријава.

Како што соопшти МВР, по претходна пријава, полициски службеници од СВР Струмица извршиле контрола во село Банско, струмичко, при што било констатирано дека Д.И.(57) и А.И.(54) од с.Банско организирале свадбена веселба на нивниот син Е.И.(26), на која присуствувале околу 300 гости, со што постапило спротивно на член 206 од Кривичниот законик.

Свадбата била прекината, а по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава по член 206 од Кривичниот законик „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

За настанот бил известен и јавен обвинител.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *