Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека е прекинат прагот на алармирање за загаденост на воздухот во Битола и Струмица.
„ Согласно податоците од Државниот миниторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 05.01.2023г., среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Битола и Струмица и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање“.
Активистите на „Здрава котлина“ со денови алармираат дека воздухот во Струмица е „отров“ и дека надлежните институции треба поревносно да реагираат и да ги казнуваат загадувачите. За град во кој нема тешка индустрија, недозволиво е Струмица да е наврвот најзагадени во државата.