• Fri. Nov 22nd, 2024

Преговорите со Бугарија не смеат да бидат тајни – подготвен документ на експертската јавност

Институтот за демократија и Институтот за европска политика подготвија заеднички документ како одговор на францускиот предлог за преговарачката рамка и на дебатата што ја отвори Владата по добивањето на модификациите од Брисел.

Сметаат дека преку отфрлањето на предлогот мора да се изгради нов став со широк општествен консензус заснован на темелни дискусии.

„Во тековниот предлог, преговорите вистински би почнале по внесувањето на етничките Бугари во преамбулата на Уставот – ветување за коешто Владата нема мандат и ќе нè остави уште долго во чекалницата, но сега, со целиот притисок врз нас. Протоколот кој сè уште не е достапен за јавноста останува дел од преговарачката рамка.

Историските теми остануваат на маса, а мешовитата експертска комисија за историски и образовни прашања добива многу поголем притисок за резултати. Но овој пат, притисокот ќе биде европски, а не бугарски.

Решението за македонскиот јазик не е чисто. Со изоставувањето на поглавјето 34 од преговарачката рамка и со внесувањето на унилатералните ноти за македонскиот јазик. Бугарија си остава простор во подоцнежната фаза на преговорите да го блокира затворањето на ова поглавје. Доколку нејзините барања не се исполнети, а се дел од нотата за македонскиот јазик. Потпишувањето на договорот за Фронтекс не е правна гаранција за непризнавање на јазикот во ова поглавје.

Аргументите „сега или никогаш“, „земи или остави“ не се оправдани во ситуација кога идниот изглед на ЕУ не е познат и кога војната во Украина налага потреба од итен успех во проширувањето што треба да се направи по секоја цена. Сега тоа е на штета на Северна Македонија, но и на самата ЕУ. Штетата од овој присилен „успех“ ќе ја направи земјата уште поранлива на подривачки влијанија од трети страни и е далеку поголема по безбедноста и стабилноста на регионот.

Процесот на градење општествен консензус за една од најважните одлуки кои Македонија треба да ги донесе треба да биде инклузивен и да не се вградува во нереална временска рамка. Владата еднострано информира отколку што дебатира и се труди да изгради заеднички став. Оваа стратегија не само што создава дополнителна несигурност и фрустрација кај граѓаните, туку ја зголемува и поларизацијата во општеството и нетрпеливоста кон неистомислениците.

Можеби, за политичкиот естаблишмент прифаќањето нема да биде „ни триумф, ни дебакл“, но за нашето општество се создава ризик дека пристапниот процес ќе биде јамка околу вратот што ќе се затега во следните децении.

Со наведувањето можни етнички тензии како последица од неприфаќањето на предлогот, се внесува дополнителна несигурност. Дали во Македонија ќе има етнички тензии зависи најмногу од македонските политички субјекти. Одговорноста е на Владата да обезбеди меѓуетничка трпеливост и толеранција во најосетливи моменти.

Инсистираме сите понатамошни чекори и документи, вклучително и Протоколот, коишто би ги презела македонската влада за решавање на македонско-бугарскиот споr. Да бидат презентирани во јавноста за да се обезбеди широка општествена поддршка. Собранието не смее да биде заобиколено.

Оттука, во интерес на вистински и целосни информации и во интерес на иднината, Владата мора да одговори на следните прашања/барања:

Владата веднаш да го објави Протоколот кој треба да се потпише меѓу ресорните министерства.

Како во модифицираниот предлог е заштитен македонскиот идентитет?
Зошто пред една седмица за решението за јазикот со унилатерални декларации сметавте дека е неприфатливо, а сега е прифатливо?

Какви гаранции Владата обезбедила за да го заштити македонскиот јазик, особено во однос на идна злоупотреба на унилатералната изјава на Бугарија во поглавјето 34?

Кога и со кои политички субјекти Владата постигнала согласност за промена на Уставот?

Каков реципроцитет е обезбеден во обврските за спроведување на Протоколот.

Зошто Владата смета дека ова е „последна шанса“ за евроинтегративниот пат?
Владата да го објави претходниот предлог – „работна верзија“.

Последно, нагласуваме да се преиспита пристапот на забрзани консултации и да се остави време за суштествена дискусија, анализи и проценки“.

Стои во документот што го поддржаа и Македонски центар за меѓународна соработка, Институт за комуникациски студ. Центарот за управување со знаење. Центар за истражување и креирање политики, Центар за правни истражувања и анализи, Зелен институт Ековита и Рурална коалиција Радар.

извор: makfax

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *