• Fri. Nov 22nd, 2024

Кај Ново Коњарево патничко возило удрил во пешак кој починал на лице место

На 01.11.2022 во 17.00 часот  во СВР Струмица било пријавено дека на магистралниот пат Струмица-Граничен премин Ново Село, во с.Ново Коњарево, патничко возило „фолксваген голф“ со бугарска национална ознака, управувано од О.П.(67) од Република Бугарија, удрило во пешакот А.С.(72) од с.Ново Коњарево. Во несреќата пешакот починал на местото, а смрт констатирал екипа од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *