• Fri. Nov 22nd, 2024

Предупредувачки протест на Македонски пошти подружница Струмица

ByВане Трајков

Oct 20, 2022

Вработените од ЈП „Македонски пошти“ од Струмица денес протестираа, барајќи ја платата за септември. Тие излегоа половина час пред вратите како и сите вработени на подружниците во земјава. Вработените бараат редовна исплата на платата, зачувување на работните места и иднина на поштата, реформи и реорганизација на работата.

„Протестот е предупредувачки. Имаме неисплатена плата и лоши услови за работа. Финансиската ситуација во компанијата е лоша и опстојувањето на самата пошта како државна институција е во знак прашалник“ – велат вработените.

Од Управниот одбор на „Македонски пошти“ ги информирале вработените дека за платата секој момент ги очекуваат средствата од Владата, но не можеле да кажат точно кој ден ќе се исплати. Најавиле и дека ќе излезат пред вработените со план и стратегија за надминување на состојбите и стабилизација на работењето на јавното претпријатие.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *