• Fri. Nov 22nd, 2024

Пред укинување е одлуката за носење маски во затворено

 Главниот координативен кризен штаб беа усвои повеќе заклучоци од одлуки и препораки на Комисијата за заразни болести. Заклучоците ќе бидат доставени до Владата која за нив ќе одлучува на следната Владина седница.

Помеѓу усвоените заклучоци кои Комисијата ги достави до ГККШ се и укинувањето на обврската за носење на маски за време на физичката настава во средните училишта, како и укинувањето на забраната за екскурзии и настава во природа.

Усвоен е и заклучокот за укинување на обврската за носење на заштитни маски во затворен простор, со исклучок на здравствените установи, јавниот превоз, аптеките и домовите за возрасни лица.

За усвоените заклучоци, Владата ќе расправа и одлучува на следната Владина седница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *