• Fri. Nov 22nd, 2024

Праведната транзиција треба да овозможи квалитетен живот и економски развој на регионот

Праведната транзиција треба да овозможи квалитетен живот и економски развој на регионот.

Кој е патот што Македонија треба да го оди за да реализира праведна транзиција, пред сѐ, во енергетскиот сектор? Имаме ли ние точно издефинирано што подразбира праведна транзиција и дали ги опфаќа само вработените луѓе во одреден рудник или фабрика? Ова се дел од прашањата што беа отворени на денешната тркалезна маса на тема „Праведна транзиција“, што се одржа на зум-платформата во рамките на Националната конференција за клима.

Патот по кој нашата земја се движи e почнат, но мора да се вклучат сите релевантни институции, граѓанскиот сектор, локалното население, се согласија учесниците. Транзицијата на рудникот „Осломеј“ од Кичево беше земен како пример на кој конкретно се работи.

-Транзицијата не ги допира само вработените во одредена фабрика, но ги засега сите граѓани на различен начин. Влијанијата се и економски, социјални и културни. Проблемот не застанува кај вработените, овие нови невработени се соочуваат со големи проблеми во нивниот живот. Им се намалува нивната економска моќ, влијае на локалните текови во местото на живеење. Намалувањето на економската моќ на новоневработените и кога се случува на индивидуално ниво, не претставува проблем за заедницата, но кога станува збор за поголема група на луѓе, влијанието е големо. Ова влијае и на нивниот културен живот.– смета Смилевска и додава дека треба навремено да се провери дали тие работници можат да се преквалификуваат или можеби предвреме да се пензионираат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *