Скоро 90 проценти од запалената површина кај депонијата Шапкар кај Добрашинци е ставена под контрола. Од комуналното претпријатие велат дека последниве денови се на терен и работат на локализирање на пожарот, кој скоро целосно е ставен под контрола.
-До денес може да кажам дека скоро 90 проценти од пожарот е угаснат. На терен излегоа екипите на противпожарната единица од Струмица, цистерна на Комуналец, градежни машини од комуналното претпријатие, како и камиони и приватни стопанственици кои ни излегоја во пресрет за побргу да однесеме земја за локализирање на огнот, велат од ЈПКД „Комуналец“ Струмица.
Жителите на село Добрашинци реагираа уште во неделата преку апликацијата Граѓански новинар на Тв Канал Вис дека се гушат во смрдеа од депонијата, затоа што е во непосредна близина на селото. Ѓубрето често се пали, па ова населено место нема мир од чадот и лошата миризба.
Освен честите подметувања, од Комуналец велат дека депонијата се и самозапалува, особено кога се високи температурите.