• Fri. Nov 22nd, 2024

Пожар избувна меѓу Водице и Шибеник

Големиот пожар што избувна меѓу Водице и Шибеник е опколен од сите страни и повеќе не се шири.

„Ситуацијата во Раслина и Затон е под контрола. Од утрово тројца пожарникари го гаснат пожарот во западниот дел на областа Окит“, изјави утринава командирот на противпожарната единица, Славко Туцаковиќ, за „Н1 Загреб“.

Во пожарот изгореа дваесетина куќи – 10 во Раслина и 10 во Затон. Затворени се неколку околни патишта.

На терен синоќа имаше околу 350 пожарникари, припадници на армијата, полицијата и граѓани. Еден пожарникар е полесно повреден.

https://twitter.com/ivamikulandra/status/1547453392733278208?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1547453392733278208%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmakfax.com.mk%2Fsvet%2Fregion%2Fd0b2d0b8d0b4d0b5d0be-d0bfd0bed0b6d0b0d180d0bed182-d0bad0bed198-d0b8d0b7d0b1d183d0b2d0bdd0b0-d0bcd0b5d193d183-d0b2d0bed0b4d0b8d186d0b5%2F

Премиерот Андреј Пленковиќ во обиколка на противпожарната станица заедно со министрите за одбрана и за внатрешни пожарникарски станици синоќа ја посети противпожарната станица.

Според хрватските медиуми, вечерва не е наредена нова евакуација, а се проценува дека во пожарот се уништени 3.000 хектари.

извор: макфакс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *