На 21.08.2022 во 10.30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат Струмица-Валандово се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фиат пунто “ со струмички регистарски ознаки, управувано П.К.(74) од Струмица и патничко возило „мерцедес спринтер“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(1991) од Струмица.
Во незгодата со повреди се здобила Е.И.(22) од Струмица, сопатничка во возилото „мерцедес“, која била пренесена во медицинскиот центар Струмица за укажување лекарска помош. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.