На 11.12.2022 во 17.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на место викано „Чешме маале“ на регионален пат планина Плачковица – Радовиш, Ј.З.(60) од Радовиш управувајќи патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал надвор од патот. Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш, а увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш.