На 26.12.2022 во 15.00 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на булевар „Александар Македонски“ во Радовиш, В.М.(50) од Радовиш, управувајки патничко возило „фолксваген пасат“ со радовишки регистарски ознаки, удрил во пешак М.П.(71) од Радовиш. Во несреќата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Здравствен дом Радовиш, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.